Десет модни правила што треба да ги прекршите

Некогаш се сметало дека комбинациите на зелена и сина, како и на сина со кафена на облеката се катастрофални. На црвенокосите им беше забрането да носат облека во црвена боја, а чевлите и чантата секогаш треба да си одговараат. Денес, овие правила се толку застарени, што дури е препорачливо да ги прекршите, пишува Daily Mail.

Не носете различни принтови

Под влијание на колекциите за пролет-лето, како што се оние на Питер Пилот и Мари Катрантцои, ставовите кон принтовите што се судираат драстично се променија. Во минатото веројатно луѓето ќе ве гледаа со потсмев ако облечете риги и точки, но денес сите комбинации се можни: што повеќе различни принтови и различни бои. Комбинирајте ги принтовите во различни големини на облеката за тие јасно да се одвојуваат едни од други, а изгледот комплетирајте го со ѓердан или брош.

Сина и зелена не одат заедно

Ова е многу старо правило што треба да се исфрли од стилските листи. Порано важеше правилото дека ако две бои се преблиску во спектарот, тогаш тие ќе се косат и ќе го нарушуваат целокупниот изглед. Меѓутоа, со различни нијанси може да ги разбиете сличните бои. Комбинирајте лимета-зелена со тиркизна и разликата ќе биде лесно воочлива.

Со годините здолништето станува подолго

Староста е само број. Целосно неважен, освен ако, секако, не сте шише вино, во една пригода рекла Џоан Колинс. Должината на здолништето зависи само од индивидуалните вкусови, а не од возрасните граници. Витките и тонирани нозе во здолниште до колена ќе изгледаат подеднакво добро и на 16 и на 56 години. Густите црни хулахопки ќе ги скријат сите неправилности.

Црвенокосите не треба да носат црвено

Обидете се да и кажете на Кристина Хендрикс дека не смее да носи црвено! Ограничувањето на црвенокосите жени на бои како крем, кафена и маслинесто-зелена е погрешен диктат. Единствено важи правилото дека кога носите црвено треба да покажете и гола кожа, за облеката и косата да не се спојат целосно.

Не носете сина и кафена

Исто како и во случајот на зелената и сина, овие две бои се сметале за премногу слични на тонската скала и поради тоа нивното комбинирање важело за голема грешка. Меѓутоа, истиот совет важи и тука. Комбинирајте различни материјали и текстури за да го подобрите контрастот на боите. Технологијата на боите е доволно напредната за живата морнарско-сина одлично да се согласува со чоколадните нијанси на кафена.

Чевлите и чантата секогаш мора да си одговараат

Оваа мантра треба да се врати во педесетите години на минатиот век, кога и оригинално настана. Џеки Кенеди беше поборничка на строгите комбинации на чанта, чевли и шешир, но денес тој спој изгледа малку неприродно. Фрлете го ова правило во канта и уживајте во спротивставените бои и текстури. Остатокот од облеката треба да биде добро комбиниран, за необичните чевли и чанта да дојдат до израз.

Не носете кожа во лето

Можеби овој совет некогаш беше практичен, затоа што кожата може да предизвика потење, но денес текстурата на материјалите толку напредуваше, што и кожената облека може да биде лесна, удобна и нослива дури и во најтоплите денови. Кожeните фустани беа дел од ревиите на „Версаче’, „Ланвин“ и на „Долче и Габана“.

Ни мртви не смее да носите црвено и зелено

Зелената и црвената боја се спротивни бои во спектарот кои самостојно се борат за внимание. Ако погрешно ги комбинирате, ризикувате да изгледате како луто божиќно дрво. Тајната е во изборот на различни нијанси, со кои ќе дозволите една боја да доминира. Пробајте со светли тонови, како на пример салса и гвакамоле, а тоа ќе биде комбинација од соништата.

Не носете чевли со отворени прсти и чорапи

Црните хулахопки со црни чевли со отворен прст се најсигурен начин да изгледате сјајно, но сличен ефект може да постигнете и со романтични бели чорапи. Избегнувајте ги хулахопките во боја на месо, затоа што линиите околу прстите ќе се гледаат низ отворите на чевлите, а тоа е недозволиво.

Долната облека не смее да се гледа под облеката

Поради прерамките на градникот или корсетот од тантела во викторијанскиот период можело да завршите навистина лошо, но денес тоа е навистина само моден став. Сепак, не заборавајте дека само убавата долна облека заслужува да биде видена низ проѕирната облека. [Redheads should NEVER wear red… and other fashion commandments made to be broken]

- Реклама -