Од колку часот треба да започнува работното време?
Д-р Пол Кели од Универзитетот Оксфорд, Велика Британија, е специјалист за спиење. Според него традиционалниот модел на работно време од 9 до 17 часот го истоштува организмот. Тој тврди дека луѓето не треба да почнуваат со работа пред 9 наутро, а го препорачува 10 часот како најсвеж почеток на денот.
„После 55-годишна возраст телото се приспособува на помалку спиење. Не можеме да го промениме начинот на кој нашето тело функционира. Ние се адаптираме спрема сончевата светлина “, вели тој.
Според д-р Кели општеството треба да ги промени почетните часови, како за бизнисот, така и за училиштата, за да бидат во согласност со нашиот биолошки часовник. Ако вработените почнуваат со работа многу рано наутро, тоа ќе доведе до проблеми со здравјето и конечно, ќе ја намали продуктивноста.
Ненаспаноста е предуслов за анксиозност, висок крвен притисок, импулсивност, лутина, качување на тежина, стрес, а може да дојде и до психички проблеми.
Кога почнуваме со работа и училиште порано, ние губиме околу 2 часа од својот сон. Ако училиштето започнува од 10 часот или подоцна, успехот на учениците ќе се зголеми за околу 10%, пресметува д-р Кели.
Помалите ученици природно се будат рано и тие можат да почнат и од 8:30 заклучува експертот. Но кога ќе наполнат 16 години, тие треба да започнат со училиште од 10, а кога ќе наполнат 18 години – од 11 часот.
Мислите ли дека е неопходна ваква организација на човековото секојдневие?