Роби Вилијамс се двоуми каде да биде погребан

Роби Вилијамс им откри на медиумите дека се опушта шетајќи по гробишта, што истовремено го инспирира да размислува за неговиот „вечен дом“. Тој е во дилема бидејќи не е сигурен на кој континент сака да биде погребан. Порано сакал тоа да биде Англија, но сега веќе, кога живее во Америка, размислува дека можеби таму треба да му биде гробот. Пејачот додал дека не се плаши од смртта и дека обожава да шета по гробишта бидејќи тоа го опуштало.

„Сакав да ме закопаат до мојата баба Бети на гробиштата во Британија, но како поминува времето и живеам со моите родители во Лос Анџелес, се ми е поблиска идејата дека гробот ќе ми биде тука“, заклучил Вилијамс.

- Реклама -