Пирс Броснан го поддржува првиот црн Џејмс Бонд

Поранешниот агент 007 Пирс Броснан рекол дека британскиот актер Колин Салмон би бил извонреден Џејмс Бонд, но дека не треба да се брза со барањето замена за Даниел Крег.

На прашањето кој би можел да го замени актуелниот агент Крег во филмската адаптација на романот за Џејмс Бонд, 59-годишниот Броснан одговорил:

„Секогаш го споменувам името на Колин Сајмон. Со него соработував со години и мислам дека би бил извонреден“.

pierce-brosnan-james-bond-3

Броснан го глумеше Бонд во четири филмови, пред палката да ја преземе Даниел Крег во 2006 година.

Салмон (50) глумеше заедно со Броснан во три филмови за Џејмс Бонд,„Tomorrow Never Dies“, „The World Is Not Enough“ и „Die Another Day“, каде што го глумеше Чарлс Робинсон.

Пред Броснан и Крег агентот 007 го глумеа Шон Конери, Роџер Мур и Тимоти Далтон.

Броснан признава дека Крег е одличен како 007, а дека улогата на Бонд е една од најдобрите што самиот ја глумел.

„Тоа е една најблагодарна улога. Самиот лик и приликите што ги дава. Тоа е подарок кој никогаш не ве напушта затоа што еднаш ако го играте Бонд, вие сте Бонд цел живот“.

- Реклама -