Џесика Алба – паметна, модерна и секси

Дождливото време не може да ни го расипе летното расположение, а особено не откако ги видовме овие неверојатни фотографии на Џесика Алба, која ја краси насловната на јунскиот број на списанието “Shape”.

34-годишната актерка демонстрира совршена фигура во најактуелните модели на бикини за сезоната пролет-лето 2015.

На насловните страници на списанијата ѕвездите изгледаат повеќе од одлично, но како и сите нормални луѓе и тие вложуваат напори за да го задржат своето  тело во добра форма.

Jessica-Alba-Shape-Magazine-June-2015-2(1)

 

Jessica-Alba-Shape-Magazine-June-2015-5(1)

 

Џесика покажува одлични извајани форми  и открива што е она што ја тера да се чувствува секси.

Убавата мајка на две ќерки раскажува дека тренира напорно – по 5-6 пати во неделата.

Спортот и сонот ја тераат да се чувствува подобро.

Jessica-Alba-Shape-Magazine-June-2015-6

 

„Тоа што работам на своето тело, прави да се чувствувам секси. А, не е ли тоа главната цел на секој кој сака да изгледа добро кога ќе ја соблече облеката и ќе се погледне во огледалото? ” , вели актерката.

Покрај тоа, таа раскажува дека по породувањето за една жена е од исклучително значење поддршката и односот на блиските кон неа.

Jessica-Alba-Shape-Magazine-June-2015-7(1)

 

„Љубовта на моето семејство прави да се чувствувам позитивно и секогаш сум во движење” , дополнува шармантната ѕвезда.

Кадрите алудираат за едно исклучително топло и секси лето, а ние немаме трпение да дојде овој период од годината.

- Реклама -