Нема повеќе лоши романси за пејачката Лејди Гага.
Дамата неодамна се вери, а сите се прашуваме кој е овој заводник? Запознајте го Тејлор Кини кој не е типичен холивудски фраер, туку вистински срцекршач.
Тој е згоден, убав, секси, а покрај тоа е прекрасен, чувствителен и сака семејство… и тоа со Лејди Гага. Кој е овој мистериозен човек?
Тејлор Кини е одличен фраер, а првото нешто што го приметивме кај овој 33-годишен актер е дека изгледа одлично во униформа. Тејлор веќе две години го игра згодниот пожарникар во успешната ТВ серија „Chicago fire“.
Кини одлично излгеда и во униформа на полицаец во серијата „CSI:New York“, а и како член на воената морнарица во филмот „00:30- Тајна операција“.
Лејди Гага (28) во една прилика открила дека овој убавец има и изразена чувствителна страна.
– Тој е првиот маж со кој сум се забавувала кој плаче додека сум на сцена. Тоа ми значи повеќе од сè- изјавила Лејди Гага. Пејачката рекла дека нејзиниот вереник ја поддржува во сè.
Лејди Гага и Тејлор се запознале за време на снимањето на нејзиниот музички спот „You and I“ во 2011 година. Интересно е што во спотот пејачката ја носела венчаницата на својата мајка, а Кини го глумел нејзиниот љубовник. Неколку месеци подоцна, тие почнале да се забавуваат.
Тејлор е вистински семеен човек и љубител на природата и обичниот живот. Баш е за Лејди Гага зарем не? Или можеби ние не ја познаваме доволно.
Тејлор е исклучително секси и мнгоу жени сигурно се возбудуваат на неговата појава.
Тој виде во Лејди Гага нешто повеќе од што гледаме ние. Што може девојка да посака повеќе? Лејди Гага навистина ја освои премијата со него, која не може да прекине да се смее по објавувањето на нивната веридба.