Со обожавателите ја сподели насловната страна на својата нова книга која ќе биде во продажба од мај.
Ким Кардашијан на својот Твитер профил објавила пост со насловната на нејзината книга на „селфи“ под насловот „Selfish“. За дополнително да зачинување, на својот Инстаграм објавила фотографија во крзнено бикини и чизми!
Како што вели, таа е многу горда на тоа и едвај чека книгата да излезе.
Сигурно на неа не ѝ било лесно од морето „селфиња“ да ги избере токму онаа која ќе се најде на насловната страна.
Од друга страна, пак, очигледно е дека насловната може да привлече големо внимание, затоа што Ким знае многу добро како тоа се прави. Од прикажаното се гледа дека во преден план е дефинитивно нејзиното лице. Некои Ким ја нарекуваат кралица на „селфи“, па дури и пионер на „селфи“. Факт е дека не се далеку од вистината.
Ќе биде интересно да се види кои фотографии Ким ги одбрала за нејзината книја со оглед на тоа што веќе насловната е доволно инстересна.