Неговата девојка е една од најубавите актерки во Холивуд, па тогаш не е чудно што Џо Манџанело толку се поти за да биде во „тип-топ“ форма.
37-годишниот актер кој се подготвува за улогата во „Magic Mike XXL“ за две недели, сподели на Твитер фотографија на која буквално ги „пумпа“ неговите бицепси.
Филмот, се разбира ќе ги воодушеви женскиот дел од публиката, бидејќи се работи за група машки стриптизери, а покрај Џо, глумат и Ченинг Татум и Метју Меконахи.