Цела година вежбала и сега има што да покаже.За славната убавица Кели Брук воздивнуваат мажите ширум светот, но нејзиното срце му припаѓа на Дејвид МекИнтош. Сепак, тоа не значи дека не може да го покаже телото на кое што работела цела година.
На својот Инстаграм, таа објави видео на кое што весело танцува, а во прв план е нејзиното извајано тело во едноставен костим за капење.
34 годишната убавица, цела година вежбала и сега има можност на сите да им покаже што значи да се има совршена линија. Во едно интервју таа признава како придонело нејзиното тело во тоа да има повеќе самодоверба.
„ Не сум супер – слаба и сакам храна. Пред снимање не ми е важно да направам 100 склекови, важно е да се чувствувам одморено и свежо. Имам облини, имам гради и немам намера да го променам тоа“ порачува Кели чија што најголема тајна е редовно вежбање.