Се зборуваше, се зборуваше, и на крај Кајне Вест конечно го објави својот нов видео спот во кој главната улога ја има неговата вереничка, реалити ѕвездата Ким Кардашиан.
Се сеќавате на првите голи фотографии на Ким Кардашиан по пораѓањето? Оние секси фотки од зад грб? Епа, сега знаеме зошто ја изгубила вишокот тежина толку брзо- Кајне посакал Ким да му биде главната ѕвезда во новиот спот ‘Bound 2’.
Во топлес издание, заводлива и примамлива, Ким Кардашиан разменува нежности со вереникот и тоа на мотор додека се „возат“ низ пустина. Кајне премиерно го покажа спотот во шоуто на Елен- Ellen DeGeneres, и самата водителка јавно коментираше дека ѝ се допаѓа видеото, а некои гледачи посакале и Кајне да биде во топлес издание.
Таман кога заборавиме дека Ким се прослави токму со порно видео, реалити ѕвездата сними ваков секси спот. Што вие велите за спотот?