Таа е мајка на 4 деца и многу пати до сега прогласувана за најсекси жена во светот.
Супермоделот и домаќинка на реалното модно шоу Project Runway, Хајди Клум се појави стегната во кожни панталони на првиот ден на Mercedes-Benz Fashion Week во Њујорк.
40-годишната Германка ги истакна нозете во кожни панталони, додека горниот дел го сокри со широка маица.
Дефинитивно Хајди е најсекси мајка на 4 деца во светот. Па, само погледнете како и стојат овие ултра тесни панталони.