Бијонсе е позната по тоа што ја обожава својата професија, и е навикната постојано да има работни обврски.
Така, една недела откако снимаше музичко видео во Бруклин, 31-годишната дива настапуваше на фестифалот „Made In America“ во Филаделфија.
Сепак, во последно време пејачката не престанува да изненадува со новиот имиџ и секси настапи, па така, уште еднаш ја вжешти публиката во тесниот провокативен костим и заводливиот танц.