Актерот Бред Пит откри дека откако е со Анџелина Џоли избегнува секс сцени со други жени.Хемијата меѓу него и Анџелина пламна на сетот на „Г-дин и г-ѓа Смит” во 2005 година, кога тој сè уште беше во брак со Џенифер Анистон .
Љубовниот занес набрзо прерасна во иднина со брак и деца. На сензационално интервју актерот изјави дека си наметнал забрана за снимање на интимни сцени, на големиот екран од почит кон Анџелина.
Негови пријатели велат дека и покрај годините, низ кои се заедно, двајцата сеуште се луди еден по друг. Самата Џоли постојано признава дека се вљубила во Бред на прв поглед за време на снимањето на филмот. Оттогаш двајцата се сакаат како првиот ден. Пит, пак, од своја страна, објасни дека најмногу го прават среќен партнерката и шесте деца.