Бринетите со долга коса се најпосакувани

Најатрактивните за мажите се жените со долга костенлива коса, покажа британско истражување. 

Актерката Меган Фокс е прогласена за најжешката жена со костенлива коса. Во анкетата учествувале 1563 мажи од цела Велика Британија, кои требало да одговорат какви жени преферираат.

На прашањето која боја коса на жените ја сметаат за најпривлечна – мнозинството претставници на посилниот пол признале дека тоа е кафената. 62 проценти од мажите изјавиле дека долгата коса е најпривлечна, а 18 отсто преферираат средна должина на косата. 12 отсто од Британците сакаат жени со коса до рамената, а само 4 отсто посочиле како свој идеал дами со многу кратка коса.

Други познати и пожелни бринети во истражувањето се Бијонсе, Ким Кардашјан и Мила Кунис.

- Реклама -