Изневерената „Дона од Беверли Хилс“ потрошила 1.600 долари на секс играчки

 

Актерката Тори Спелинг, позната во нашите простори најмногу по улогата на Дона во „Беверли Хилс“, одлучи да остане со сопругот Дин и да помине преку неговите неверства.

За да ја обноват страста, таа се почастила со производи од секс шоп.

Со оглед на тоа што како главен виновник за кризата Дин го сметаше исчезнувањето на страста во брачната постела, Тори сериозно се посвети да ја поправи грешката.

Наводно таа посетила една интернет страна на која порачала секси долна облека, филмови и играчки за возрасни, на што успеала да потроши 1.600 долари. Освен тоа, најпосле се согласила да му ја исполни желбата на сопругот и да стави брава на вратата од спалната соба, но и да започне да оди на часови за танц околу шипка.

- Реклама -