„Таа не е за мојот син!“ Бритни има големи проблеми со свекрвата

Мајката на Чарли Еберсол не ја одобрува неговата врска со Бритни Спирс.

Бритни повторно е среќна во љубовта. 32 годишната ѕвезда пронајде нова љубов во писателот и продуцент Чарли Еберсол, а откако е со него, Бритни не ја симнува насмевката од лицето. Но, нивната врска сепк не им одговара на сите. Американската актерка Сузан Сент Џејмс смета дека Бритни не е најдобар избор за нејзиниот син.

„Би била посреќна ако се загледаше во некоја девојка која не е ѕвезда и не била на рехабилитација за дрога и алкохол. Мислам дека син ми може да најде подобра, дека брзо ќе се вразуми и ќе раскине со Бритни“, вели Сузан.

Од друга страна, пак, неговиот татко Дик Еберсол мисли дека Бритни е супер девојка и драго му е да ја гледа среќна.

61020118-britney-spears-i-charlie-ebersol

Но, Бритни изјави дека нема да допушти злите јазици да влијаат на нивната среќа, а голем чекор од нивната врска било запознавањето на новиот дечко, со нејзините синови.

- Реклама -