Откако неодамна ја крунисаа својата љубов со брак, Џорџ Клуни и Амал се подготвени за следниот чекор – проширување на семејството.
Имено, славните ѕвезди, планираат да станат родители, поточно да посвојат дете од некое воено подрачје.
Извор за магазинот „Womans Day“ открил дека 53 годишниот актер и 36 годишната адвокатка се надеваат дека посвојување на дете ќе го сврти вниманието кон проблемот со сирачиња во земји како Сирија.
Изворот додава и дека некои од најдобрите пријатели на Клуни, како Мет Дејмон, Синди Крафорф и Бред Пит се прекрасни родители, па по нивниот пример Клуни сака да основа семејство.