Најпосакуваниот британски принц Хари, им признал на пријателите дека мора што побрзо да се ожени бидејќи се плаши дека статусот на ерген ќе му ја загрози кариерата во војска.
Пронцот Хари од 2011 година носи титула на капетан, но доколку наскоро добие унапредување би требал да има сопруга како и сите мајори кои се семејни луѓе со деца.
„Морам да се оженам ако планирам да останам во војска. Мислам дека нема да можам да напредувам како неженет. Да се биде жена на војник може да биде многу тешко, особено ако многу патувам“, наводно им рекол Хари на своите пријатели.
Речиси сите другари на Хари се оженети, а принцот се наоѓа меѓу малкуте кои и понатаму го држат тој статус.
Во последните неколку години Хари имал две врски, двегодишната врска со Кресида Бонас, додека со Челзи веќе седум години се во комплициран љубовен однос.