Американските медиуми го поврзуваат познатиот актер со убавата манекенка…
Откако беше објавено дека се разведува од актерот Орландо Блум пред една година, американските медиуми познатата убавица Миранда Кер ја поврзуваат со многу познати мажи, меѓу кои и со Џејмс Паркер и Џастин Бибер.
Најновите гласини се дека поранешниот модел на Victoria’s Secret се состанува со познатиот актер Том Круз, а наводно наскоро можно е и јавно да прозборат за својата романса, пишува Daily Mail.
„Том и Миранда разменија неколку телефонски разговори, па дури и се сретнуваат во тајност секој пат кога таа ќе додјде во Лондон“, рекол изворот.
Доколку гласините се покажат како вистинити, може да се заклучи дека на Том слабост му се Австралијанки, со оглед на тоа дека неговата поранешна сопруга Никол Кидма, исто така е од Австралија.
Инаку, Том не е во сериозна врска од 2012 година, откако се разведе од актерката Кејти Холмс.