Славниот актер повторно се бори со ракот на кожа

Хју Џекмен повторно бил на лечење, а неговиот советник за медиуми потврди дека е вистина дека тој повторно се бори со рак на кожата.Австралискиот актер во ноември минатата година објави фотографија на Инстаграм на која што напиша дека има рак кој за среќа бил навреме откриен.

После тоа, во април годинава објави уште една фотографија.

– Уште еден рак. Сега е минато. Благодарам доктори. Ве молам, ве молам, носете заштита од сонце – напиша тогаш Џекмен.

Како што пишува „Хафинтон Пост“ актерот повторно бил на лечење, а неговиот советник за медиуми потврди дека тој повторно се бори со рак на кожата, но дека засега, се е во ред.

- Реклама -