Познатата актерка го остави својот нов дечко по само три месеци врска…
По четири месеци врска, актерката Џенифер Лоренс ја прекинала романтичната врска со фронтменот на Coldplay, Крис Мартин. Раскинот се случил неколку дена откако Мартин и неговата поранешна сопруга Гвинет Палтроу се видени на вечера, а по вечерата тој дотрчал до нејзиниот автомобил и нежно го погалила по лицето.
Како што пишува Daily Mail, на оскаровката ѝ здосадило да го гледа Крис како си игра среќно семејство со Гвинет, и ѝ одело на нерви што нивната врска се обидувал да ја сокрие од јавноста.
Вчера Лоренс прв пат по раскинот е видена и тоа со насмевка на лицето. Очигледно е среќна за својата одлука.
Крис Мартин и Гвинет имаат две деца, ќерката Епл и синот Мојсеј, и покрај фактот што одлучија да се разведат уште во март, тие останаа многу блиски.