Колку чини семејството Кардашијан?

За Кардашијан сите имаат да кажат по нешто. Некои ги сакаат, други не, но неспорен е фактот дека се горд производ на поп-културата. Колку вреди славното семејство? Овие информации ќе ве изненадат.

Интересно е дека апликацијата на Ким Кардашијан за игра и донесе дури 700 илјади долари ДНЕВНО, како и тоа дека не рекламира ниту еден производ за помалку од 750 илјади долари.

Нејзината мајка Крис Џенер добива 5 илјади долари по твит, ако спомене производ.

Сите имаат корист од Ким, па така нејзината млада сестра Кендал Џенер веќе се проценува на 3 милиони долари, додека партнерот на другата сестра Кортни, Скот Дисик, е проценет на 12 милиони долари.

И Кортни по епизода заработува добр0 – 125 илјади долари.

Се сеќавате на книгата „Селфиња“ што ја објави Ким? За таа пригода направи повеќе од 200 слики, со цел да ги избере најдобрите.

Освен тоа, таа и нејзиниот сопруг Кание Вест потрошија 500 илјади долари на двојничката на ќерката Норт, за на почетокот барем малку да ја заштитат од папараците.

kim2

И не смееме да заборавиме. Крис Џенер во 1985 година, снимила спот за песната „I Love My Friends“, и тоа вреди со секој преглед на Јутуб.

Тие заработуваат милијарди само со својата појава, без трошка талент. Како и да е, нивното шоу е најгледаното реално шоу во цела Америка, а и низ многу земји во светот.

- Реклама -