Злобни манекенки ја малтретирале помалата сестра на Ким Кардашиан

И додека реалити ѕвездата Кендал Џенер полека ги освојува модните писти, нејзините колешки манекенки не се баш воодушевени со нејзиниот успех.
Всушност, 18-годишната Кендал на ревијата на New York Fashion Week наводно била главна мета на малтретирање од своите колешки модели, кои дури отишле толку далеку што ѝ гаснеле цигари во нејзината чаша со пијалок.

„Другите модели напорно работеле за да стигнат до своето место на пистата и сметаат дека не е фер и Кендал да биде таму, исто така“, рекол извор за „In Touch Weekly“. „Почнаа да се однесуваат насилно кон Кендал, а некои дури и фрлаа отпушоци во нејзиниот пијалок“, додал тој.

Во меѓувреме, Кендал неодамна откри дека мора „напорно да работи“ ако сака сериозно да биде сфатена во модниот свет.

Screenshot_3

„Луѓето мислат дека овој успех ми е дојден лесно, како на послужавник. Но, не е. Сè всушност беше против мене. Луѓето не ме сфаќаа како сериозен модел. Одев на кастинзи и не ме сфаќаа сериозно поради моето име. Всушност, беше одлично кога немаше да препознаат која сум. Си мислев- ви благодарам. Ве молам, немојте да ме препознаете“, рекла тогаш Кендал.

- Реклама -