Лејди Гага: „Горда сум што сум дебела“

Пејачката Лејди Гага повеќе сака да биде дебела отколку површна.Таа ги отфрли критиките за својата фигура, откако нејзините  слики во костим за капење  предизвикаа бран од негативни коментари на Инстаграм.

 

„Горда сум со своите димензии, бидејќи внатрешноста има значење. Плус, зависи од позата! Прашајте супермодел”, напиша пејачката под една од фотографиите направени во Дубаи.

„Претпочитам да бидам дебела отколку површна”, додава таа.

„Искрено, не ми се верува дека читам коментари за тежината секој ден. Колку навредливо и понижувачко! Лејди Гага е совршена”, пишува нејзин обожавател, на што таа одговори со зборовите: „Секој ден по цел ден. Што е толку страшно ако имам стомаче“.

Лејди Гага во минатото страдала од нарушувања во исхраната.

„ Се борев  со нарушувања во исхраната во текот на повеќе од 10 години. Ја сфаќам борбата на другите многу сериозно”, рече таа. Претходно оваа година пејачката изјави дека веќе го надминала проблемот.

 

„Сега се хранам подобро. Веќе не им дозволувам на луѓето да ме искористуваат. Сфатив дека по моја вина луѓето имаат корист од мене. Би требало да бидам меѓу луѓе кои ги ценат мојот талент, здравјето и времето … Јас сум артистка. Заслужив повеќе од тоа да им бидам лојална на луѓе кои што ме сакаат само затоа што заработувам пари “, рече Лејди Гага.

- Реклама -