Протекоа детали за свадбата на Џорџ Клуни

Изгледа дека Клуни сепак е човек за брак, само требаше да ја најде вистинската партнерка…

Клуни навистина ќе се најде пред олтарот- тоа не е шега.

Amal Alamuddin (Foto: Getty)

Тој ја најде својата подобра половина во згодната адвокатка Амал Аламудин, а свадбата веќе се спрема на големо.

Двојката ќе се венча во палата во Венеција во септември оваа година. Пред неколку недели Клуни и Амал се видени во посета на една од можните локации во овој италијански град.

„Џорџ и Амал сакаат да се венчаат во Италија, но потребно им е место каде тие и нивните гости ќе имаат приватност“, изјавил извор близок на двојката. И токму поради оваа причина Клуни се откажал од идејата за венчавка на езерото Комо, пишува New York Post.

Прочитајте и:  Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог...
- Реклама -