Сепак, семејниот живот на Сара Џесика Паркер воопшто не е розов.Според извор близок на актрката најпозната по улогата на Кери во „Сексот и градот“, таа и долгогодишниот сопруг Метју Бродерик се пред развод.
Неодамна актерска двојка воопшто не се разбирала и односите им биле под огромна тензија.
„Двајцата живеат одделни животи “издава изворот.
Актерот веќе немал никаков интерес кон жена си и воопшто не се труди да ја импресионира.
Блиски до Сара и Метју пак се загрижени дека тие ќе завршат како Гвинет Палтроу и Крис Мартин.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик се заедно од 17 години.