Танчерката Даун Ноел изјави дека завршила во болница на снимањето на спотот „Work Bitch” со Бритни Спирс.
Имено, пејачката додека танцувала ја удрила танчерката по носот и потоа наредила да ја исфрлат надвор. Даун најавува тужба.
– Свесна сум дека Бритни не ме повреди намерно, но можеше барем да испадне фер и да ми ги исплати трошоците во болница, вели танчерката.
Таа додава дека Бритни ја пратила во болница, а не се ни јавила да праша дали е добро.
– Бев отечена од нејзиниот удар и плачев од болки, а таа разгалена дива не ме ни удостои со повик, вели Даун.
Кога слушнала дека пејачката нема намера да и ги плати трошоците, одлучила да ја тужи.
– Таа е „стисната“ милијардерка која не ја засегаат луѓето. Се срушив кога ме погоди со раката, а таа на својата екипа ладнокрвно и нареди да ме изнесат надвор и да продолжи снимањето, опишува танчерката.