Американскиот актер Џони Деп планира да и купи на омилената Амбер Херд цел остров како свадбен подарок. Според гласините тоа ќе биде хавајскиот остров Кауаи. Деп сака да направи студио на Амбер каде ќе може да слика, бидејќи се интересира за ликовна уметност, а близок пријател на двојката откри дека ќе има и кујна со поглед кон океанот. Но, и покрај разгорената љубов помеѓу двајцата, Џони беше забележан на една забава сам.
„Џони е прилично див и е тешко е да се поверува дека Амбер му ги ставила уздите”, изјави пријател на актерот.
„Тој секогаш ги сакаше забавите, главно поради големиот број жени наоколу. Сега тој сака да има добри односи со својата љубов и дури крие некои од нивните авантури. Но, тоа воопшто не значи дека мисли да се врати на стариот начин на живот, бидејќи ја сака Амбер “, изјави негов близок пријател.
Неодамна актерот изјави дека 23-годишната разлика меѓу него и свршеницата не е никаков проблем за нив.