Барбадоската пејачка Ријана го прослави 26-тиот роденден во друштво на пријателите во зимскиот центар Аспен, а нејзините блиски побрзаа да кажат дека Рири се одлучила во иднина да живее здраво. Ѕвездата никогаш не го криела односот кон марихуаната и дури повеќепати објавила фотографии на кои што држи огромна цигара со коментар „легализација” под фотографијата.
Близок на пејачката вели дека таа се одлучила да живее здрав живот, како и да ужива во среќата.