Откако во дуелот во вторникот се најдоа учесниците Харис Чато и 4U, под менторство на Кристина и Емина, дојдоа до израз различностите меѓу двете менторки, или ајде да бидеме реални, Кристина не може да ја поднесе некомпетентноста на Емина.
Откако двајцата натпреварувачи останаа во дуел, Емина го даде својот глас за нејзиниот штитеник, но претходно иронично искоментира дека тоа го прави „Не само како ментор, туку како објективен судија“.
Дали со тоа сакаше да каже дека Кристина не е објективна?
Емина е субјективна, исто колку и овој текст. За волја на слободниот коментар, таа на сите им изгледа како да не може да поднесе ни најмала критика која се однесува на нејзините ученици. Веднаш превртува очи, се вади, враќа со критика, губи контрола…
Таа во вторникот дури ја праша Кристина, зошто едната од девојките од 4U никогаш не пее ( Што реално беше само Твитер шега).
Откако помина вечерта и сите зборуваа за тензијата меѓу двете судики и излишните коментари на Емина Јаховиќ, Кристина не издржа да искоментира дека Емина не му ги погодува песните на Харис Чато. Погледнете го нејзиниот коментар.
„Откако ми ги елиминираа девојките чувствата преовладуваа. Мислам дека ниту Харис, ниту 4U не заслужија да се најдат во дуелот, но кога веќе така мораше, морам да кажам дека сум разочарана што напредокот кој го имаа девојките од почетокот, па до сега не помогна тие да останат. Тоа е разочарувачки и праќа лоша порака. Сите знаат колку го поддржувам Харис и се борам тој да блесне во лајв емисиите со целосниот какпацитет на неговиот талент, но тоа не се случува. Тој не е виновен за тоа, мислам дека одговорноста за тоа лежи во неговата менторка, која не препозна што му лежи на Харис, а тоа е најважната задача на еден ментор. Се изненадив и од гласањето на Жељко, бидејќи колку што се сеќавам, од него, а и од останатите членови на жирито, од емисија во емисија 4U добиваа само позитивни коментари, додека за Харис не може да се каже истото, најмногу поради изборот на песните. Сето тоа доведе до тоа детето да не може да си го истакне квалитетот и целиот потенцијал.
Јас сум горда на моите девојки и сигурна сум во нивниот квалитет, имаа одлични настапи и со кренати глави си одат од шоуто. Се надевам дека ќе останат заедно и би сакала да соработувам со нив, изјави Кристина Ковач.