55-годишната поп ѕвезда Мадона сериозно ги разбрала критиките на својот поранешен сопруг, британскиот режисер Гај Ричи, дека е неодговорен родител и дека е во ситуација да не може да го контролира секое разуздано однесување на нивниот тринаесетгодишен син Роко, и одлучила да го испрати во воена академија.
Мадона неодамна објави слика на Инстаграм на која синот Роко држи шише џин и дечкото сам се сликал со пријателите покажувајќи колку „раскошно“ живее.
Нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи се доверил на пријател дека не може повеќе да го толерира однесувањето на Мадона и дека му е доста од нејзиното неодговорно родителство. Гај стравува за Роко затоа што мисли дека момчето моментално воопшто не може да се контролира кога е во прашање излагањето и количината на алкохол која ја пие.
Мадона се чини морала да попушти поради критиките па синот го испратила на воена академија.