Леонардо Ди Каприо бил мета на ајкула

Огромен хорор доживеал актерот за време на снимање, кога за малку ќе го изела ајкула, откако го разбила кафезот за кој била врзана туна.
Додека го снимал филмот „Крвави дијаманти“, актерот кој е познат по тоа што најпрофесионално се справува со изведба на тешки сцени.  се нашол во кафез со ајкули, па  тврди дека такво нешто никогаш не би повторил, бидејќи бил смртно преплашен.

Curious Tiger

„Цел живот се плашам од ајкули, па тогаш замислете како ми беше кога на снимањето  се најдов очи в очи со бела ајкула. Истовреме беше совршено и страшно,“ изјави Ди Каприо при гостување во едно шоу.

Актерот раскажа како ајкулата го скршила капакот на кафезот за кој била врзана туна, со која ја залажувале, па половина била внатре, половина надвор.

Прочитајте и:  Мета ќе нуди помалку персонализирани реклами во Европа

„ Речиси се задушив од страв, започнав неконтролирано да голтам вода, а ајкулата која за малку не ме растргна. За среќа  добро се заврши,“ изјавил преплашениот актер.

 

- Реклама -