Познатото лошо момче на Холивуд за Нова Година се упатил кон Европа, а Чарли Шин сега објавил и дека е во брак со својата нова девојка!
Сите се прашуваат, дали повторно се оженил или не? „Ова е куќата во која Гажорбачов и Реган направиле некои историски важни дела. Исто така, ова е куќата во која јас и С се венчавме“, напишал Чарли Шин на Твитер. Но, иако оваа вест ја објавил преку својот официјален профил, многу американски медиуми пишуваат дека е само шала.
Тој со 24-годишната порно актерка Брет Роси се упатил кон Исланд, и на Твитер објавил фотографија со својата избраничка како седат на предниот дел на поранешната француска амбасада во Рејкјавик каде во 1986-та година се сретнале Реган и Горбачов.
Брет инаку има надимак Скоти, па затоа Чарли ја вика С. Ако познатото лошо момче не се шали, тогаш порно актерката е негова четврта законска жена. Освен тоа, дури го истетовирал и нејзиното име на својата рака- која ја покажал на Твитер.