Додека славниот холивудски актер со децата и свршеницата Анџелина Џоли (38) го поминуваат Божиќ во Австралија, Radaronline објави приказна за љубовните писма на Бред Пит (50) кои биле упатени на неговата поранешна девојка Џил Шоелен (50).
– Те обожавам. Секогаш ќе те сакам. Не можам да престанам да размислувам за тебе. Не сум цел кога ти не си до мене, е дел од писмата…
Актерот и Џил беа во врска кон крајот на 80-тите. Во една прилика и самата Џил раскажа како Бред и ја напишал најубавата песна која еден маж може да и ја посвети на жена.
– Беше многу романтичен, заклучи таа, а врската со него ја опиша како прекрасно животно искуство.
Џил која е позната по улоги во хорор филмови му го скрши срцето на Бред, кога во 1989. година, го остави за друг маж.
– Тоа ми беше една од најлошите разделби во животот. Никогаш не забораваш такво нешто, мислам дека уште не сум поминал сосема низ тоа чувство на понижување, призна актерот.