Се ширеше гласина и се зборуваше, и се чини дека сестрата на војвотката Кејт Мидлтон, Пипа, навистина се верила и планира свадба!
Пипа Мидлтон се верила за шест години постариот Ник Џексон, пишува американскиот магазин UsWeekly.
Пипа, која инаку е присутна на социјалните настани и сестра на Кејт Мидлтон, веќе почнала да ја планира својата венчавка која би требало да се случи во текот на идната година.
Пипа и Нико заедно се 15 месеци, а запросувањето за жена се случило во Индија кога богаташот го поставил судбинското прашање. Како што тврди извор близок на нив двајца, се одело според планот. „Беше грандиозно и романтично“, открил изворот.