Анџелина се онесвестила на сет

Актерката Анџелина Џоли (38) паднала на подот за време на снимањето на филмот “Unbroken” во Австралија.

– Анџелина дава се од себе, а тоа и зема голем данок од здравјето. На сет е  по 12 часа, а потоа се грижи за децата. Кога се сруши некои од актерите и членовите на тимот не беа сигурни што се случува. Прво мислеа дека глуми, а потоа се затрчаа мислејќи дека е сериозно болна или умира. Има само 42 килограми, а тежината може да предизвика голем притисок на срцето и да умре, вели извор.

Тој додава дека таа одбила да ја однесат во болница и продолжила да работи.

– Не сакаше Бред да дознае бидејќи е свесна дека ќе полуди од грижи.

Бред планира да допатува во Австралија, веднаш штом ќе заврши со снимањето во Британија, открива извор близок на парот.

- Реклама -