Кание Вест не се откажува од замислата да ја „бутне“ својата вереница на насловната на списанието „Vogue“, иако познатата уредничка Ана Винтур е познато дека не е љубителка на сестрите Кардашијан.
Познато е дека уредничката и раперот се добри пријатели, меѓутоа, тоа досега не успеа да го промени нејзиниот став во врска со Ким Кардашијан, за која Винтур во една прилика изјави дека таа е нешто најлошо што се појавило после комбинацијата на чорапи и сандали.
Веќе неколку пати Винтур ја одби Ким да се појави на насловната страна, а одби и фотографирање на нејзин едиторијал.
Да биде целата работа покомплицирана, на Ким и е голема желба да се слика за престижното списание, па нејзиниот вереник не се откажува од убедувањето на својата пријателка Ана.
Токму во вторникот, на концертот на Кание, раперот беше забележан во друштво на познатата модна икона, за што сведоците изјавиле дека слушнале како тој повторно преговара со Винтур да ја вметне Ким во списанието, иако таа и понатаму сака да остане верна на своите принципи.