Крај на романсата: Вљубените гулапчиња не се видени заедно веќе три недели

Американските таблоиди објавија дека поминале дури три недели откако Џенифер Лопез и Каспер Смарт не се видени заедно во јавност. Се шушка дека славната двојка е пред разделба.

Пред десетина дена Џеј Ло беше гостинка на вечерата на кампањата за заштита на човековите права во Вашингтон, таму беше и нејзиното 18 години помладо момче Каспер, но двојката не се фотографирала заедно. RadarOnline пишува дека тие не се видени заедно во јавност веќе три недели, а наводно се пред разделба.

2013-10-15 09_53_46-Photo by jlo

„Џенифер не сака да зборува за врската со Каспер, но во последно време неколку пати спомнува дека меѓу нив исчезнала хемијата. Веќе некое време е свесна за тоа дека нејзината врска со Каспер нема да трае засекогаш. А сега тоа и го вели и срцето“, открил извор близок на 44 годишната пејачка која веќе неколку пати ја прекина врската со Каспер.

1

„Снимаше филм во Њујорк. Кога не се работеа нејзините сцени, се криеше во приколката и јадеше сладолед. Каспер за тоа време на Инстаграм објавуваше фотографии од кампување на кое беше сам. Тимот на Џенифер тогаш почна да ја спрема за соло појавување во јавност, но тогаш таа повторно да го прими назад“, открил истиот извор.

Jennifer Lopez and boyfriend Casper Smart hold hands as they make their way to "The Late Show With David Letterman"

Џеј Ло не може лесно да се раздели од Каспер поради тоа што тој е многу близок со нејзините близнаци, Макс и Ема,5, кои ги доби во бракот со пејачот Марк Ентони, 45, од кој се разведе по седум години брак. Со Каспер е во врска две години.

jennifer-lopez-children-casper-smart-2a

- Реклама -