Ова е убавицата која му кажа „ДА“ на принцот Хари

Принцот Хари наводно има намера да прави свадба со својата девојка Кресида Бонас која конечно се согласила да застане пред олтарот со него, објави британски „Telegraph“.

Помалиот брат на принцот Вилијам, Хари, е најинтересната личност во кралското семејство. 29-годишниот принц го освои срцето на Кресида и сака да ја задржи само за него.

a_4x

Според изјавите на блиски пријателки на 24-годишната Кресида во која Хари се вљуби лани, таа конечно го победила стравот од правилата на кралското семејство и се согласила да се омажи за него.

Prince Harry and Cressida Bonas-1769002

„Креси ќе се омажи за Хари“, изјавил нејзин близок пријател за „Telegraph“. „Хари постојано зборува за брак и за деца, па таа веќе се навикна на таа идеја. Свадбата би требало да се одржи следната година“, тврди нејзин пријател.

408949-cressida-bonas

Двојката се запозна со посредство на принцезата Еугени, роднина на Хари, но Кресида не сакала да се омажи и мислела дека е премногу млада за тоа. Додека Хари отслужуваже воен рок во Авганистан тие ја одржаа врската и покрај далечината. Нејзиното семејство има корени од Едвард Седми, боемски и забавен крал. Нејзината мајка Лејди Мари Гај Курсон во 60-тите години на минатиот век била позната како IT девојка која се омажила за американскиот бизнимсен Џефри Бонас.

- Реклама -