Среќни родители! Хали Бери и Оливие Мартинез добија син!

Холивудската ѕвезда Хали Бери и нејзиниот сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез добија син.

Како што јавуваат американските медиуми, актерката се породила вчера во болница во Лос Анџелес.

Ова е прво заедничко дете на актерската двојка. Хали Бери има петгодишна ќерка од врската со канадскиот манекен Габриел Обри.

Таа и Мартинез се во брак од минатиот јули.

 

- Реклама -