Шарапова: Нема да се мажам со Григор

„Не сум мажена, нема и да се мажам  наскоро”, демантираше Марија Шарапова околу гласините за свршувачката ја со Григор Димитров. Ѕвездата на женскиот тенис Шарапова гостуваше во шоуто на Лари Кинг, каде објасни многу работи зад сцената во тенисот, меѓу кои една од темите беше нејзината врска  и шпекулациите околу неа.

photo_verybig_

„Не сум мажена, дури не сум ни свршена. Барем колку што јас знам”, одговори Шарапова на прашањето дали наскоро ќе се случи свадба.

Освен тоа, Русинката откри зошто нема пријателки меѓу жените во тенисот. „Немам пријателки во соблекувалната.

2013+Sony+Open+Tennis+Day+13+15-kgsx2SdZx (1)

Тенисот е индивидуален спорт, каде што не можеш да имаш пријатели. Не може денес да се смеете, а утре да сте противници. Не мислам дека е  тоа фер”, призна Шарапова.

 

- Реклама -