Мерјем Узерли, актерката која го толкуваше ликот на Хурем од серијата „Сулејман Величенствениот“, го прошета стомакот и со тоа ги потврди пишувањата на медиумите за нејзината бременост.
Фотографијата на својот профил ја објави новинарката на која таа прва и ја откри оваа вест.
Хурем неодамна ја напушти клиниката во Германија каде се лечеше од депресија. Таа се заблагодари на сите кои биле во тие моменти со неа, но не и на нејзиниот вереник Кан Атеш. Него го напушти веднаш штом дозна дека ќе стане мајка. Имено, актерката не сака да го одгледува детето со човекот кој ја изневеруваше додека таа беше во болница.