Како што „Pulsonline“ пренесува, српската старлета Станија Добројевиќ пред неколку дена се обидела да се договори со сопствениците на една теретана во Нови Сад да добие бесплатни термини за тренинг, бидејќи таа со самото нејзино доаѓање ќе направи реклама за теретаната.
„Дојде кај нас и зборуваше како е таа популарна и како тоа автоматски ќе биде реклама за нас и како само заради неа ќе доаѓаат повеќе луѓе во нашата теретана. Меѓутоа, нас нејзината приказна не не интересираше, па само ја испративме да го разгледа ценовникот и да одлучи дали ќе плати или ќе оди на некое друго место“, изјавиле вработените во теретаната чие име не се открива.
Се чини дека не секаде успеваат да поминат новите ѕвезди кои сакаат својата популарност да ја искористат максимално.