Поддршка за Кание за нападот на папараците

Снимката со нападот на Кание Вест на папараците за кусо време го заобиколи светот. Мислењата се поделени, а Шер и Кристи Ели го поддржуваат раперот.

030904

Популарната пејачка Шер напиша на нејзиниот Твитер профил: „Драг Кание, фала ти што им покажа на тие досадни паразити кои го крадат нашето најголемо богатство, времето и приватноста, кои никогаш нема да можеме да ги вратиме!“

KirstieAlley

Во одбрана на новопечениот татко кој не може да ги поднесе папараците застана и актерката Кристи Ели: „Драго ми е што Кание го нападна глупавиот папарацо-фотограф. Штета што со неговиот шешир не си го избриша и задникот! Само напред Кание.“

- Реклама -