Американската актерка Аманда Бејнс вчера беше одведена во психијатриска болница откако се обиде да подметне пожар.
Во полициските извештаи се наведува дека 27-годишната ѕвезда од тинејџерските серии била примена во болница заради загрозување на сопствената безбедност како и на околината, така што запалила оган во близина на една куќа во Лос Анџелес.
Како што јавуваат американските медиуми, против неа не била покрената тужба, а во болница може да биде задржана најмногу 72 часа.
Бејнс е позната по непримерните и нелогични изјави на социјалните мрежи, проблемите со законот и зависноста од пластичните операции.
Во моментов е на условна казна поради возење без возачка дозвола, која и е привремено одземена заради возење во пијана состојба, а во мај беше приведена заради поседување марихуана.