Норт Вест е најпознатото бебе во моментот и цел свет очекува да види како изгледа.
И додека останатите ќе почекаат уште малку да го видат бебето на Ким Кардашијан и Кание Вест, Бијонсе и Џеј Зи го посетија во домот на Крис Џенер (мајка и на Ким) во Беверли Хилс и му подарија скапоцен подарок од околу 8 000 долари.
Славната двојка на двенеделната Норт и подарија чевлички од Кристиан Диор и сребрен бебешки сет за јадење од Elsa Peretti Padova.
Анонимен извор за The Sun изјавил: „Кание е еден од најблиските пријатели на Џеј Зи и затоа сакаа да одберат најдобар подарок. И тие имаат ќеркичка и го знаат вистинскиот подарок. Тие ја земаа и Блу Ајви за да ја запознае Норт. Таа е доволно голема за да и бидат интересни бебиња“.
Бијонсе и Џеј Зи претходно и подарија на Ким кристално столче за Норт од Сваровски вредно 12 ooo долари.
Изворот за The Sun додал дека Бијонсе се понудила за помош околу бебето, па дури и давала и совети на Ким како да ослабе.