„Сега конечно можам да ослабам“

Иако се породи пред само 10 дена, реалити ѕвездата Ким Кардашијан веќе размислува за тоа како да ја поврати својата стара фигура назад, која ја негуваше пред бременоста.

Покрај мајчинството, таа во моментов е преоптоварена со губење на килограмите кои ги доби при бременоста, наведуваат извори блиски на семејството Кардашијан.

Според нивното тврдење, иако таа се здебели 27 килограми, Ким водела посебен режим на изхрана во текот на бременоста, односно, се хранела здраво и вежбала како не би имала потешкотии да се врати во форма после породувањето.

745bd3d7-3aa4-4fc2-bb83-dd60c974ec8b_kim-kardashian-baby-bump-pregnant-kim-keeping-up-with-trailer-kourtney-miami-due-date-weight-gain-cravings

Тие додале дека и после тоа Ким изгледала преубаво, а со волјата која ја има сигурно наскоро ќе го врати своето старо бикини тело.

Сепак, во најава на новата сезона на реалното шоу можеме да видиме дека Ким и не водела баш многу сметка за исхраната како што тврдат нејзините блиски.

Со оглед на тоа што медиумите веќе со денови се обидуваат да ја решат задачата за тоа зошто таа и Кание одлучиле да го именуваат бебето Норт Вест, парот конечно откри. Имено, Норт (север) претставува највисока точка во нивната љубов и ѕвездата Северница.

http://youtu.be/6r5Hc5zTWNc

- Реклама -