Се сеќавате на малото симпатично момче од „Терминатор“? Колку за потсетување, тој спаѓа во една од оние личности на кои раната слава не им помогна многу во животот.
Имено, актерот Едвард Фурлонг е обвинет за напад врз својата девојка. Таа на 21 мај го пријави во полиција. За целиот случај Фурлонг се изјасни како невин. Доколку под четирите точки за кои е обвинет биде прогласен за виновен, на Едвард му се заканува казна од неколку години затвор.
Тој веќе има два прекршочни предмети зад себе. Прелиминарното сослушување е закажано за 1 јули.