Кание Вест: Ќе ги заштитам мојата ќерка и Ким од камерите

Кание Вест е во исчекување на неговото прво бебе и тоа со најфотографираната жена во светот, чиј живот е буквално споделен со целиот свет. Сепак, се чини дека 32- годишниот рапер не може да го истрпи притисокот од папараците, камерите и целиот публицитет со кој се соочува неговата девојка Ким Кардашијан, и призна дека не планира никогаш повторно да се појави пред камерите за шоуто „Keeping Up With The Kardashians“.

Кание за магазинот „New York Times“ изјави дека ќе ги заштити неговата неродена ќерка и нејзината мајка и воедно додаде: „Тоа е мое бебе, а не на Америка!“

article-2340123-1A469569000005DC-709_634x463

Сепак, и покрај заштитничкиот став на Кание, вчера одекна скандалозната вест дека тој постојано ја изневерувал Ким со канадската манекенка Лејла Гобади. Огромен број на обожаватели на Ким и Кание ја нападнаа на нејзиниот профил на Твитер, не верувајќи во нејзините зборови.

article-2340575-1A494C22000005DC-355_634x513

Сепак, најважно од се е што очигледно Ким Кардашијан не ја погоди ваквата вест, па во денешното излегување во јавноста таа на прашањата на папараците како се чувствува во врска со тоа, само се насмеала. Кание Вест се уште ги нема демантирано ваквите искази.

- Реклама -