По дебаклот со објавата на Твитер и раскинувањето со девојката Фани Негуеша, Марио Балотели успеа да ги поправи работите.
По победата на Милан над Барселона во Лигата на шампиони медиумите ја запознаа новата девојка на Балотели, Фани, а две кола подоцна во истото натпреварување таа го напушти.
Причината беше објавата на Балотели на Твитер преку која ја понуди својата девојка на играчите на Реал ако ја победат Борусија Дортмунд во натпреварот во полуфиналето на ЛШ. Но, Фани престана да се лути по бројните обиди за вљубениот Италијанец да ја врати.
Сега повторно сѐ е во ред, а еден од потезите на Марио за да се искупи кај убавата Фани беше и новиот изглед на неговите нови копачки. На едната страна го стави неговото и името на девојка му, а на другата страна имињата на своите родители.